Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Шампионската генерација на Илинден со триумф ја започна сезоната, триумф и на РК Будимир кај момците генер.2004/05
Јуниор лига: Шампионската генерација на Илинден со триумф ја започна сезоната, триумф и на РК Будимир кај момците генер.2004/05

Јуниор лига: Шампионската генерација на Илинден со триумф ја започна сезоната, триумф и на РК Будимир кај момците генер.2004/05

Денес стартуваа натпреварите од третата сезона на ракометната “Јуниор“ лига со натпреварите кои се на програмата во Скопје и тоа во спортскиот рекреативен центар Кале. Кај момците во генерација 2004/2005 екипите на РК Илинден и РК Будимир дојдоа до триумфи.

vardarfans-rk-ilinden-660x330

Првиот натпревар кој започна утрово на Кале беше оној во машка конкуренција, кај генерација родени 2004-05 помеѓу екипите на РК Илинден и Урдаревски. На овој дуел триумфираше тимот на РК Илинден кој победи со резултат 24:19. Првите седум минути се играа доста израмнето, а прв пат екипата на Илинде имаше водство од два гола разлика (7:5). Како се ближеше крајот на првото полувреме, избраниците на Јаневи играа се подобро, на полувреме заминаа со водство од 13:9. Вториот дел исто така започна со гол на Илинденци кои имаа највисоки во тие моменти, предност од 14:9.

Во текот на целото второ полувреме екипата на Илинден одржуваше водство кое се движеше од 3-5 голови разлика. Најмногу што успеа екипата на Урдаревски да се доближи беше при резултат од 18:15. Сепак Илинден веднаш постигна два гола во серија и ги врати најголемите пет гола разлика (20:15) и немаше проблем до крајот да го зачува водството, за конечен резултат од 24:19. Најефикасен на овој натпревар беше членот на Вардар, Андреј Петрушевски кој ја наполни противниќката мрежа и постигна осум голови, додека втор стрелец беше Петар Колевски, кој додаде пет погодоци. Кај поразениот, Петровски беше стрелец на четири гола.

Успешен почеток на новата сезона и за шампионската генерација на РК Илинден Вардар кој е актуелен освојувач на “Јуниор“ лигата во оваа возрасна генерација.

r2

Свој натпревар денеска одиграат и екипите на РК Будимир Вардар и РК Делчево Вардар. Овој натпревар помина во знакот на РК Будимир Вардар, тимот на Делчево имаше сили само во првиот дел да се носи со својот противник. Натпреварот започна со гол за Будимир, следуваа два гола на Делчево за предност од 1:2, кон средината на првиот дел резултато беше 8:5 за Будимир. До крајот на првиот дел се одржуваше предноста од три до четири гола на Будимир, па така на пауза се замина со предност на РК Будимир Вардар од 13:11.

r3

Во вториот дел Будимир Вардар делуваше по конкретно во нападот и во одбраната, додека пак тимот на Делчево како да се замори во првиот дел и немаше сили за вториот. Некаде кон 37. минута Будимир дојде и до највисоко водство од 23:14, девет голови разлика. До крајот на натпреварарот Будимир Вардар дојде и до висока предност од десет голови разлика, па така на крај го доби овој меч со 27:19.

r4

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Симоновски со осум голови, кај поразениот тим Делчево Вардар најрасположен за игра беше Ивановски со шест голови.