Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Нов победнички “марш“ за пом. пионери на ФК Вардар, кои убедливо ја поразија Македонија Ѓ.П и стигнаа до својата осма победа
Нов победнички “марш“ за пом. пионери на ФК Вардар, кои убедливо ја поразија Македонија Ѓ.П и стигнаа до својата осма победа

Нов победнички “марш“ за пом. пионери на ФК Вардар, кои убедливо ја поразија Македонија Ѓ.П и стигнаа до својата осма победа

Осма победа за помладите пионери на ФК Вардар, кои денес на теренот на Академијата убедливо ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П. Ново убедливо издание за црвено-црните кои триумфираа со резултат 5:1, во рамките на деветтото првенствено коло.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Станковски, Петејчук, Крстевски, Костовски, Величковиќ, Гугуљанов, Стојановски, Трајановски, Салиу, Омерагиќ, Речица.

Уште од првата минута Вардар го “заседна“ голот на противникот и да искористеше барем половина од шансите, по првите 40 минути ќе имавме многу поубедливо водство. Прв кој се закани кон голот на гостите беше Фисник Салиу, кој на подадена топка од Омерагиќ не успеа да го отвори резултатот, шутирајќи над гол, но голема заслуга што Ѓорче немаше негатива беше еден од нивните дефанзивци кои му попречија на Салиу во завршниот удар. Азер Омерагиќ игра во одлична форма, а тоа го потврди и на денешниот натпревар, на кој ги постигна првите два гола за водство на Вардар. Најпрво асистент му беше Трајановски кој уфрли од десната страна, а на вистинското место се најде Омерагиќ кој немаше проблем да ја погоди мрежата на Македонија Ѓ.П и да го донесе Вардар во предност од 1:0. Смо неколку минути истиов играч погодува за водство на црвено-црните од 2:0, но сега во улога на асистент и од десната страна беше бекот Петејчук, кој додада до Омерагиќ кој го зголемува резултатот. Истиов играч имаше можност да постигне и хет-трик, но ударот во долниот агол овој пат го брани противничкиот чувар на мрежата. Гостинската екипа можеше да постигне гол и да го намали резултатот, кога по голема грешка на стоперот Крстевски, еден од противничките напаѓачи излезе сам со нашиот голман, но Станковски успешно одбрани и спречи чист гол. Сепак кога нема да искористиме шанси, казната стигна и тоа директно од слободен удар, успешно пласирана топка во горниот агол за Македонија Ѓ.П, која го намали резултатот на 2:1. До крајот на првиот дел за одбележување е ударот на Костовски, кој со глава бие, но ударот беше лесен плен за голманот на Ѓорче. По истекот на првите 40 минути резултатот беше 2:1.

На самиот старт на вториот дел го зголемивме резултатот на 3:1. Започна акција од Величковиќ кој додаде до Стојановски, овој до Салиу кој успева да се запише во листата на стрелци. Фуриозно го стартувавме и вториот дел, а Величковиќ имаше огромна шанса да постигне гол, но голманот на Ѓорче брани со крајни напори и спречува поголема негатива. Прв две измени во нашиот состав, од игра излегоа Петејчук и Речица, на нивно место во игра се Хасани и Фазлиу. Токму нововлезениот Атом имаше шанса да постигне гол, но се снајде баш најдобро. Нов гол во противничката мрежа, дело на играчот кој влезе во игра. Само по неколку минути поминати на теренот успева да погоди Абдула Хасани, кој на асистенција од Омерагиќ успева да пласира во долнот голмански десен агол, за зголемено водство од 4:1. Нова измена кај Вардар, од игра излезе Салиу на негово место влезе Блажевски. Крстевски и Станковски ја напуштија играта, на нивно место се Стефан Кузевски и Матеј Величковски. Влезе и Филип Симев, на местото на Стојановски, додека Ринор Исени го замени Омерагиќ. Прв гол на натпреварот постигнува и Атом Фазлиу кој го зголеми резултатот на 5:1. Ова беше и конечен резултат на натпреварот.

Првиот дел од сезоната заврши за помладите пионери, кои од следното коло играат со екипата на Ренова, а потоа и со Работнички, и двата меча на теренот на Академијата, додека во среда не очекува натпревар од купот на Македонија со екипата на Еуроспорт од Куманово.