Вардар продолжува со лошите игри, и на третиот натпревар во низа Вардар не успеа да победи. И на овој натпревар како и на претходните, Вардар одигра многу лошо, како во одбраната така и во нападот. Со овој нов неуспех титулата за Вардар е се по далеку.
Лошата игра на Вардар продолжи и во Кратово против Силекс, Вардарци во првите 45. минути не створија ниту една добра шанса за гол, домаќинот пак можеше да жали што не водеше со 1:0 во првиот дел бидејќи Тимов не реализираше пенал за домашниот тим. Тимов прв се закани кон голот на Вардар во 7.минута но биеше крај голот на Гачевски. Првата шанса Вардар ја имаше во 17. минута преку Итало но ударот на нашиот играч со глава заврши крај голот на Силекс. Во 34. минута Вардар прв пат се обиде со удар во рамките на голот но ударот на Барсегјан го одбрани Митровиќ. Тоа беше се во првиот дел.
Во вториот дел продолжи лошата игра на Вардар, во 50. минута Блажевски се обиде со удар од далечина кој заврши високо над голот на домаќините. И на овој натпревар Комитите беа едиствената светла точка, тие во солидна бројка го бодреа Вардар и во Кратово. Чудно, Вардар до 74. минута не направи ниту една замена а не играше ама баш ништо. Во продолжението од мечот се што имаше беа жолти картони, Силекс дури пет жолти картони доби во вториот дел. Конечно замена во Вардар, во 81. минута кај Вардар во игра влезе Максимов Максим на местото на Итало. Следен кој влезе во Вардар во 85. минута беше Џигаури на местото на Хамбарџумјан. Во 85. минута Барсегјан се обиде со удар од 20-метри но само над голот на Силекс. Во 89. минута и младиот Тодоровски влезе во игра на местото на Блажевски. Крај, нови изгубени бодови на Вардар, овој пат 0:0 со Силекс.