Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Јуниор Лига: Девојките на Опш.К. Вода и РК Кале Кичево со победи во генер.2006/07
Јуниор Лига: Девојките на Опш.К. Вода и РК Кале Кичево со победи во генер.2006/07

Јуниор Лига: Девојките на Опш.К. Вода и РК Кале Кичево со победи во генер.2006/07

Во текот на денешниот ден  стартуваа натпреварите од третата сезона на ракометната “Јуниор“ лига со натпреварите кои се на програмата во Скопје и тоа во спортскиот рекреативен центар Кале. Кај девојките родени во генерација 2006 и 2007 се одиграа два дуела, во истите Општина Кисела Вода и РК Кале Кичево Вардар дојдоа до победи против своите ривали.

z

Во првиот дуел РК Општина Кисела Вода Вардар дојде до победа во дуелот со екипата на РК Делчево Вардар со резултат 3-6 (2-5). Првото полувреме беше далеку поефикасен период од вториот дел. Истото со гол го стартуваа девојките од скопскиот црвено-црн колектив кои поведоа со 0-1 на почетокот.  Потоа тие го удвоиа водството, а дечелчевски возвратија со погодок за намалување на 1-2.  Со серија 0-3 девојките од Кисела Вода во финишот поведоа со високи 1-5, сепак РК Делчево успеа да намали и да отиде на одмор со негатива од 2-5.

z2 z3

Како што заврши првиот дел така почна и вториот со иницијатива на РК Делчево Вардар, тие успеаа да намалат на 3-5 и да ја вратат надежта за поволен резултат. Овој втор дел беше доста неефикасен во однос на првиот дел кога се тресеа почесто мрежите на противниците. Кисела Вода погоди за предност 6-3 што подоцна се покажа како и доволна за триумф на овој натпревар во 1.коло од треттата сезона во Вардар Јуниор лигата. Кај победникот Максимовска и Стојановска стрелаа умешно по 2 пати.

z7

Во вториот дуел РК Кале Кичево Вардар беше поуспешен од РК Ново Лисиче Вардар со 16-2 (5-1). Во овој дуел првиот период беше помалку ефикасен за разлика од вториот кога видовме повеќе погодоци. Први со гол мечот го отворија девојките од Кичево кои поведоа со 1-0, веднаш потоа скопските девојки изедначија на 1-1. Тоа беше прв и последен пат да имаат поволен резултат на овој натпревар денес. Кичевчанки со серија 4-0 се одлепија на 5-1, резултат со кој се замина на одмор на овој дуел во салата “Кале“.

z5 z6

Вториот дел почна со погодок за РК Кале Вардар кои поведоа со 6-1. Овој период беше далеку поефикасен. Кичевчанки до крајот доминираа целосно, тие  направија серија 10-0. Со истата поведоа со 16-1 пред самиот крај на натпреварот со скопскиот ривал. Девојките од Скопје успеаа во последната 30.минута да постигнат почесен гол, со истиот намалија на 16-2. Токму со тој резултат овој дуел беше окончан. Слојафска кај победникот беше најефикасна со пет постигнати погодоци во мрежата на противникот од скопско Ново Лисиче.