Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Шампионски пречек за Лука Циндриќ, во неговиот роден град
(ВИДЕО) Шампионски пречек за Лука Циндриќ, во неговиот роден град

(ВИДЕО) Шампионски пречек за Лука Циндриќ, во неговиот роден град

Играчот кој донесе финале во лигата на шампионите со гол во последните секунди, Лука Циндриќ имаше шампионски пречек во неговиот роден град, Огулин, каде ги има направено своите први чекори. Неколку илјади луѓе излегоа во на улиците во вој град да го поздрават нивниот европски шампион. Лука од се срце им се заблагодари за овој неверојатен пречек, кој ќе го памети цел живот. На самото обраќање пред собраниот народ, Лука рече: Полесно е да се игра ракомет, отколку тука да се зборува пред вас.

vardarfans-precek

Лука Циндриќ од јуни 2018 година се сели во редовите на Киелце, што значи следната сезона ќе биде последна за него во црвено-црниот дрес, а ние се надеваме дека, Лука ќе се прости од Вардар, исто како и Душебаев оваа сезона, со трофејот од најголемото ракометно натпреварување.

Погледенете го видеото од пречекот на Циндриќ, во неговиот роден град.

Фото: Радио Огулин