Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Самсоненко зборува за Лазаров, македонските играчи и емоциите околу шампионската круна
Самсоненко зборува за Лазаров, македонските играчи и емоциите околу шампионската круна

Самсоненко зборува за Лазаров, македонските играчи и емоциите околу шампионската круна

 Во првото интервју на сопственикот на Вардар г-н Сергеј Самсоненко за дневниот весни “Дневник“ по завршување на прославата тој зборува за многу работи покрај кој за можноста Лазаров да биде дел од Вардар, на кој одамна му понудил да дојде во црвено-црниот табор.

И да не е Македонец, јас повторно би го сакал во тимот, сакам да кажам дека за нас е најважен резултатот. Или во случајот со Дејан Манасков. Тој си замина поради тоа што сметаше дека има слаба минутажа, но таму каде што е сега, игра уште помалку. Ни недостига и квалитетно крило и се трудиме да најдеме соодветен Македонец кој ќе одговори на високите стандарди и квалитет, но, за жал, во моментот немаме. Верувам дека школите ќе продуцираат кадри.

Покрај ова за иднината најави дека ќе се работи на создавање нови, македонски играчи преку широкиот спектар на вардарови школи кои ги има нашиот клуб. Тој за вечерта кога славеше Македонија вели:

-По победата побрзавме да се истушираме и да славиме во некој ресторан. Тоа го направиме во еден ресторан со балканска храна во Келн. Почнаа да ми пристигаат слики од пријателите во Скопје како се слави. Трчав покрај играчите им покажував на телефонот, гледајте како не слават во Скопје, гледајте како е таму сега. Таа радост на Македонија двојно повеќе ја почуствуавме. Моите руски пријатели ми честитаа и ми завидуваа, што не се на мое место, да усреќиш милиони луѓе кои во срцето го носат “Вардар“.  Кај дамите исто така сакаме да се искачиме на врвот на Европа како и кај момците.