Генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година втора последователна сезона станаа шампиони на Македонија, освојувајќи го првото место. Двете екипи, предводени од Ане Андовски се најдоа во трите најдобри на завршниот турнир. Така Вардар (2) заврши како прв, додека Вардар (1) го освои третото место. Што се однесува до конечната листа на најдобри стрелци, неа ја предводи Георг Стојановски, кој постигна вкупно 81 гол, што е негов рекорд на за една натпреварувачка сезона. Тој ја подобри бројката на погодоци од минатата сезона, кога имаше вкупно 53 голови зад неговото име. Гео беше вистински лидер на својата екипа, која успеа да се закити со златниот медал и играч пред кого претстои блескава иднина.
Во продолжение ви ја носиме бројката на постигнати голови за секој играч од оваа генерација на ФК Вардар, во рамките на натпреварите од детската лига за натпреварувачката сезона 2016/17.
1. Георг Стојановски 81
2. Матео Софијаноски 37
3. Бесар Гуџуфи 35
4. Марко Софијаноски 28
5. Горазд Попов 27
6. Теодор Перковски 21
7. Марио Ричков 14
8. Сандро Каровски 13
9. Никола Павлески и Димитар Стоимов по 10
10. Исмет Хајдари 8
11. Огнен Здравковски 6
12. Никола Анчевски 4
13. Давид Љушев 2