Пред одигрување на завршниот турнир во Келн, ЕХФ го одбра најдобриот тим во лигата на шампионите, за оваа натпреварувачка сезона. Во изборот се земаа предвид и гласовите од публиката.
Вардар во најдобриот тим е застапен со Алекс Душебаев, како најдобар десен бек и Раул Гонзалес, кој е избран за тренер на сезоната во најголемото ракометно натпреварување. Душебаев оваа сезона е најдобар стрелец кај црвено-црните, а неговите добри игри беа препознаени од страна на ЕХФ и фановите. За жал, Алекс ја одигра последната сезона во црвено-црниот дрес, од кој се збогува со европската титула.
По нецели четири сезони на клупата на Вардар, големиот шпански стручњак, Раул Гонзалес успеа да го донесе клубот до историската титула од најголемото ракометно натпреварување. Неговата добра и континуирана работа оваа сезона го даде конечниот резултат, а тоа се четири освоени трофеи.
Погледнете го видеото со најдобриот тим за во ЛШ, за оваа натпреварувачка сезона, каде Вардар стана шаммпион:
Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Пикер: Лудовиг Фабрегас (Монпелје)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
ТРЕНЕР: Раул Гонзалес (Вардар)
Најдобар одбранбен играч: Лука Карабатиќ (ПСЖ)
Најдобар млад играч: Надеим Ремили (ПСЖ).