Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Самсоненко: Се разбира, јас ќе ги исплатам сите вработени и играчи, кои се апсолутно коректни, а понекогаш херојски се однесуваат во натпреварите

Самсоненко: Се разбира, јас ќе ги исплатам сите вработени и играчи, кои се апсолутно коректни, а понекогаш херојски се однесуваат во натпреварите

Сергеј Самсоненко кој веќе седум години инвестира во ракометните и фудбалскиот клуб Вардар во интервју за неделникот „Фокус“ посочи дека инвестирал 100 милиони евра во спортот во Македонија и поради тоа секоја власт требало да го поддржи.

„Сто милиони евра сум потрошил на спортски екипи во земјава. Сè уште ги финансирам машкиот и женскиот ракометен тим на Вардар и истоимениот фудбалски клуб. Како ќе биде понатаму не зависи само од мене, зашто не сме излезени од финансиската криза. Се разбира, јас ќе ги исплатам сите вработени и играчи, кои се апсолутно коректни, а понекогаш херојски се однесуваат во натпреварите. Не е прашање дали сакам или не, многу години финансирам и тешко се издржува, немам толку пари. Секоја година оди сè потешко. Кога по вторпат освоивме титула во Лигата на шампионите, ми беше ветена помош од различни институции во државата и јас уште чекам на таа помош, зашто без неа не би можел да издржам понатаму“, вели Самсоненко.

- Целото интервју со Сергеј Самсоненко можете да го прочитате во неделникот „Фокус“.