Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар гради тим за во иднина, рускиот бек Санталов (22год) доаѓа во Скопје
Вардар гради тим за во иднина, рускиот бек Санталов (22год) доаѓа во Скопје

Вардар гради тим за во иднина, рускиот бек Санталов (22год) доаѓа во Скопје

Ракометниот клуб Вардар е во “кремот“ на европскиот ракомет, нашиот црвено-црн тим полека презема чекори за градење на респектабилен тим и за идните сезона. Па така рускиот бек, Дмитри Санталов за домашните  медиуми изјави  ќе го засили нашиот Вардар.

За него  уште летото  се најавуваше преминување од тимот на  Чеховски Медведи во скопскиот црвено-црн колектив. Левиот бек во моментот е повреден и е во  рехабилитациски процес откако имаше операција на скочниот зглоб.  Се очекуваше да биде дел од “Зборнаја“ и на   Светското првенство, но повредата го спречи. Станува збор за квалитетен и млад играч, тој е  22 годишен. Санталов во изјава  за руски „Спорт“  најави доаѓање во “Јане Сандански“ на прашањето дали се очекува да мине во скопскиот тим.

Многу веројатно е дека тоа ќе се случи (да заиграм за Вардар – н.з.). Имам договор со Чеховски уште една година, но пред се сакам добро за закрепнам и да се вратам во форма. Сакам да му помогнам на Чеховски, кој толку многу направи за мене. Ако сè биде во ред, ќе се вратам на терените во април и овојпат нема да бидам херој, туку ќе ги слушнам советите и мислењата на докторите- вели  Санталов.

Останува непознато  дали Санталов ќе дојде во Вардар наесен  или ќе дојде во 2020 година.