Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре ќе го има првиот собир во 2019
Вардар Јуниор утре ќе го има првиот собир во 2019

Вардар Јуниор утре ќе го има првиот собир во 2019

Тимот на Вардар Јуниор со девет бода по есенскиот дел замина на зимска пауза која веќе истече. Стојан Петрушевски и Пепи Манасков утре ќе ја имаат првата “смотра“ во 2019 со младиот сениорски црвено-црн тим. Првиот собир ќе биде во Спортскот центар “Јане Сандански“ во Скопје.

 Подготвките ќе се одработуваат со цел да се подготви тимот за доигрување во лигата пред почетокот на плеј-оф и плеј-аут сегментот. Во истата ни остануваат уште четири пролетни кола. Истите стартуват на почетокот од месец март, ова е:  распоредот на преостанатите мечеви.

Надежите ги очекуваат уште два “фронта“  оваа ракометна пролет, тоа се националниот Куп на Република Македонија и пастапот во младинската лига. Прв предизвик им е младинскиот натпревар со  РК Металург 2, на истиот Вардар Јуниор  гостува во Автокоманда на 2/3.февруари.