Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Тој е новиот Стоилов, Стефан Атанасовски: 2018 година ќе ја паметам како многу успешна, по дебито за првиот тим и головите во СЕХА-лигата
Тој е новиот Стоилов, Стефан Атанасовски: 2018 година ќе ја паметам како многу успешна, по дебито за првиот тим и головите во СЕХА-лигата

Тој е новиот Стоилов, Стефан Атанасовски: 2018 година ќе ја паметам како многу успешна, по дебито за првиот тим и головите во СЕХА-лигата

Како единствен медиум кој активно ги следи младинските категории на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар, продолжуваме со интервјуа на млади и талентирани играчи, за кои во иднина многу би се пишувало и раскажувало. Еден од нив секако е Стефан Атанасовски, кој располага со висина од 2.07 см и тежина од 113 кг и кој има само 19 години. Настапува на позицијата пикер, а неговото име и презиме веќе се споменуваше и запишуваше во листата на стрелци во СЕХА-лигата, настапувајќи за екипата на Вардар. Веќе три години е дел од Вардар, една сезона има настапувано во првата ракометна лига, додека моментално ја игра својата втора сезона во Супер-лигата, како дел од екипата на Вардар Јуниор. Стефан беше дел од младите играчи кои добија шанса на мечевите од СЕХА-лигата, веќе зад неговото име има запишано и пет голови во ова натпреварување. Познавачите и љубителите на ракометот гледаат во него голема иднина и перспектива, често е споредуван и со Стојанче Стоилов, дали е на повидок нов Столе, останува времето да покаже, но ова момче квалитети кои можат да пробијат до ракометниот врв. Во следното наше интервју ве запознаваме токму со Стефан Атанасовски, можеби во иднина и првиот избор на пикерската позиција во редовите на Вардар.

1. Пред да започнете да тренирате ракомет, за кои се спортови покажавте интерес и активно игравте ?

-Кога имав 12 години започнав да играм кошарка, но немав голема желба за овој спорт и не продолжив понатаму. Немав тренирано друг спорт, се одлучив да пробам со ракометот и тоа се покажа како вистински чекор во мојот живот. 

2. Зошто баш ракомет, од каде произлезе желбата токму за овој спорт, што беше пресудно за да почнете да тренирате ракомет ?

2. Желбата излезе од мене, едноставно ги гледав пред малите екрани големите ракометни екипи во Европа, за кој настапуваат врвни  играчи кои освоиле многу трофеи во нивните кариери. Едноставно си реков, зошто еден ден да не играм и со некои од нив, или да ги достигнам нивните успеси.

atanasovski-ne-se-propushta-shansata-da-se-igra-za-vardar-14265-1

3. Кој беше ваш прв клуб каде започнавте да играте и кој ве воведе во освновите на ракометната игра ?

-Прво започнав да тренирам во ракометната школа Аеродром каде тренери ми беа Горан и Даре. Тоа беа луѓето кои ме запознаа со ракометната игра и повеќе ме доближија до овој спорт.

4. Како се случи да преминете во Вардар, кој е заслужен за тоа што денес си дел од клубот ?

-Па сакав да започнам од некаде, тоа се случи со помош на Марко Мишевски ,него го замолив да праша, кој тогаш беше дел од клубот, дали ќе можам да дојдам на тренинг. Се започна така, бев препознаен од Чивлачки и Петковски кои сметаа дека треба да ми дадат шанса.

vardarfans-naslovna13-660x330

5. Првата сезона во Вардар настапувавте во првата ракометна лига, под водство на Зоран Петковски. Колку оваа лига и тренерот Зенга ви помогнаа да се усовршите ?

-Под водство на тренерот Зоран Петковски кој го препозна мојот потенцијал, настапував за Вардар 2 во првата ракометна лига. Тоа беше во сезоната 2016/17 кога бевме најголемото изненадување во лигата и успеавме да победуваме поголеми и поискусни екипи, како на пример Младост од Богданци, за кој настапуваа и поранешни репрезентативци, еден од нив беше Митко Стоилов. Во првата ракометна лига започнав да чекорам подобро, не напреднав многу, многу но желбата за да влезам во тимот на  Вардар Јуниор беше голема. Со оглед дека тоа беше мојата прва година во оваа лига, многу работев ама имаше играчи на мојата позиција и тешко беше да дојдеш до минутажа, но полека работите си дојдоа на место. Тренерот Петковски секогаш веруваше во мене и знаеше дека поседувам потенцијал за овој спорт. Секако благодарен сум на него, кој ме научи на многу работи во ракометот. 

6. Супер Лигата беше следен ваш предизвик во играчката кариера. Дали се чуствувавте подготвен да одговорите од повикот на тренерот Петрушевски, сепак постоеше огромна разлика од натпреварите во првата и најсилната Супер Лига ?

-Па секогаш верувам во себе, тој повик ми беше како чекор напред во мојата кариера. Секако дека не бев доволно подготвен за таа лига. Бев свесен дека е тоа преголем “залак„ за мене, знаев дека не очекуваат натпревари со далеку подобри и искусни екипи. Ми беше потребно време и многу работа на тренинзите за да стигнам до потребново ниво. 

7. Располагате со конституција, која е адекватна за вашата позиција на теренот. Дали тоа го сметате за предност, кои фактори според вас се најважни за еден играч да биде квалитетен и успешен ?

-Па секако дека е предност во некои сегменти од ракометната игра, но никако не и пресудни за твојот понатамошен напредок во овој спорт. За да бидеш добар на таа позиција пред се треба да имаш срце, треба и многу работа, посветеност како здрава исхрана.

46789740_1950843978295772_1676657358643658752_n-660x330

8. Оваа сезона отидовте едно скалило погоре во вашата кариера, тоа беше повик од тренерот Парондо за настап во првиот тим. На пет меча во СЕХА-лигата бевте дел од составот, а на два од нив се запишувавте и во листата на стрелци. Какво е чуството на таа возраст да бидеш дел од екипа, која ја сочинуваат играчи кои ја освоиле Лигата на Шампионите и уште многу трофеи во нивните кариери ?

-Неможам да го опишам тоа чувство, повикот од тренерот Гарсија Парондо, играњето со врвни ракометари, и запишувањето во листата на стрелци во СЕХА-лигата. Сето тоа беше големо искуство за мене и многу сум горд на мене и на моите тренери што дојдов до ова ниво на ракометот. Првиот официјален меч за првиот тим беше на гостувањето кај Брест Мешков, кога заминавме на гостувањето во Белорусија со подмладен состав, на тој меч бев втор стрелец во тимот со 4 постигнати голови. Максимално ја искористив добиената шанса од Парондо и Црвенковска, па возвратив со добра игра. После тој меч следеа повици и за дуелите со Металург и Железничар кои ги добивме во своја корист на гостински терен, како и на последниот дуел за изминатата година кога гостувавме на екипата на Стеауа. На тој натпревар исто така добив минути за игра од тренерот Парондо, дадов максимум и успеав да постигнам гол и да изнудам удар од седум метри. Прекрасно чуство, овие моменти се надевам дека ќе бидат поттик и мотив поголем за мене во продолжение од сезоната.

vardarfans-seha

9.Како ја оценуваш изминатата полусезона со Вардар Јуниор во Супер-лигата, со оглед дека се работи за најмлад состав во лигата. Дали моменталната позиција на табелата и освоените бодови се реална слика за екипата или можевте да одиграте подобро на некои натпревари и можеби да освоевте уште некој бод ?

-Оваа сезона сме уште повеќе помладени од претходната па тешко ќе биде да се избориме за опстанок во најсилната Супер лига. Од екипата заминаа некои повозрасни и поискусни играчи кои претходната сезона го изнесоа “товарот„ на себе и успеаа да го остават Вардар Јуниор во Супер Лигата. Сега најголем дел од играчите во тимот потекнуваат од младинската школа на клубот, па потребно е време да разберат што бара тренерот од нив. Видовме дека може да излеземе како победници во дуелите со некои екипи и да се избориме за бодови. На некои од натпреварите бевме и рамноправни противници, но младоста и неискуството беа пресудни за поразите на мечевите. Сигурно дека се боревме на секој натпревар и дававме максимум и ниту на еден меч не се откажувавме предвреме.

10. На ракометните натпревари сте споредувани со моменталниот капитен на Вардар, Стојанче Стоилов. Познавачите на ракометот гледаат во вас како иднина и можна замена за Стоилов, не само во Вардар туку  и во сениорската селекција на Македонија. Колку ви годи ова внимание и овие епитети, како и споредби со иконата на вардаровите навивачи ?

vardar-tatran-seha-11-12-2018-187961

-Па сигурно дека е голема честа и привилегијата кога те споредуваат со еден од најдобрите играчи во Вардар и Македонската репрезентација. Се работи за голем борец на теренот, кој не знае за изгубена топка, миленик на публиката а и на нас помладите ракометари кои треба да го следиме неговиот пример ако сакаме во иднина да ги достигнуваме неговите успеси. Секако дека и мој идол е Стојанче Стоилов, неговите совети ми беа добредојдени на мечевите од СЕХА-лигата кога двајца бевме во составот. Јас напоменав и претходно дека сум задоволен моментално од мојот напредок и од играта, но секогаш може и подобро.

11. Добрите игри во црвено-црниот дрес беа препорака и за селекторот на младинската селекција, Данило Бреставац, кој ви даде шанса да настапите за Македонија. Колку ви значи сето тоа и дали се надевате дека и во иднина ќе бидете повикуван за следните предизвици ?

-Имав повик и од селекторот на младинската ракометна репрезентација,  Данило Брестовац, и тоа беше големо искуство за мене, да ги бранам  боите на Македонија. Бев дел од подготовките на младинската селекција за ЕХФ шампионатот кој се одигра во Скпопје, на кој Македонија успеа да го освои првото место.  Сигурно дека ме очекуваат уште многу натпревари во тој дрес.

mkd-grupna

12. По што најмногу Стефан ќе ја памети 2018 година, кои се моментите кои ви ја одбележаа изминатата година ?

-2018 година ќе ја паметам како доста успешна. Тука се секако повикот и дебито за првиот тим  на Вардар, на натпреварите од СЕХА-лигата, како и моите први голови во црвено-црниот дрес на официјални натпревари.

13. Денес стартува Светското пррвенство кое ќе се одигра во две земји. Колку ќе го пратите овој мундијал, дали имате фаворити за освојување на златото и какви се шансите на Македонија на ова СП ?

-Секако дека ќе го следам Светското првенство во Германија и Данска. Има неколку селекции кои се издвојуваат како можни претеденти за освојување на златниот медал, но сметам дека на ваков мундијал нема изразити фаворити за првото место. Македонија секогаш знаела да биде цврст противник за сите репрезентации, па очекувам и на ова СП добар пласман од нашите репрезентативци. Ќе биде тешко да се избориме за пласман во следната фаза, но јас верувам дека овој состав на Раул Гонзалез е доволно силен и квалитетен да се носи со секого. Ниту на Хрватска, Шпанија и Исланд нема да им биде лесно да дојдат до бодови против Македонија, сигурен сум дека ќе има изненадувања на ова СП.

vardarfans-atanasovski-480x330

14. Со оглед дека некои млади играчи добија шанса да бидат дел од сениорската репрезентација, како на подготовките, така и на СП, дали очекувате во иднина и вие да добиете покана за настап во националниот дрес на едно големо натпреварување ?

-Потег за поздравување е повикот од селекторот Гонзалез до некои млади играчи кои беа дел од поширокиот список и на подготвките пред почетокот на СП, а некои од нив се најдоа и на конечниот список, за кои ова ќе биде прво вакво големо натпреварување и сигурно најголемо искуство до сега. Тоа што Раул им верува на младите и талентирани играчи е само мотив повеќе за мене и за останатите да работат уште повеќе, и да даваат се од себе. Одам чекор по чекор, но зошто ете и моето име да не биде на списокот на повикани репрезентативци за некои од следните големи натпреварувања или квалификациски циклуси. На мене е да се максимално залагам, како на тренинзите, така и на натпреварите, да ја оправдувам довербата на тренерите, а останатото го оставам на стручните лица да решаваат. Сепак националниот дрес е нешто најсвето и не може секој да ги брани боите на Македонија. 

vardar-junior-660x330-660x3301-660x330

15. Што да очекуваме од Вардар Јуниор во продолжение од сезоната, дали овој тим предводен од Петрушевски има сила и квалитет повторно да опстане во Супер Лигата ?

-Од мојата екипа се надевам дека ќе гледате подобри игри во пролетниот дел и секако повеќе победи. Ќе биде тешко да опстоиме во Супер-лигата, но младоста и желбата за докажување ќе биде нашето најсилно “оружје„ во продолжение од сезоната. Верувам и во нашиот стратег Стојан Петрушевски, кој е голем стручњак и треба да бидеме среќни што покрај себе имаме тренер со големо искуство, човек кој во минатото бил дел и од првиот тим на Вардар и имал можност да соработува со врвни стручњаци. 

Звонко Ивановски