Петтиот зимски турнир ќе се одржува од 15 до 18 јануари годинава и во спортскиот центар „Јане Сандански”. Ракометната академија на Вардар веќе создаде традиција за најмладите ракометари во земјава преку организацијата на популарно препознатливиот зимски турнир „Вардар-Еден живот, една љубов”.
Екипите и годинава се натпреваруваат во машка конкуренција во категориите родени 2004/2005, 2006/2007 и 2008/09, додека девојките се присутни во старосната категорија 2006/2007. Пионерите на Вардар предводени од тренерот Зоран Петковски ќе се натпреваруваат во категоријата родени 2004/05. Годинава на турнирот за првпат ќе има и гости кои не се дел од нашата Академија, Ракометниот клуб Аеродром. По завршувањето на зимскиот распуст за учениците, ќе се одржи и зимскиот турнир во мини – ракомет за децата родени 2010 година и помали.