Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Савовски по долги години го напушта РК Вардар
Савовски по долги години го напушта РК Вардар

Савовски по долги години го напушта РК Вардар

 
savovski
Вардар 1961 ќе има промени во раководните структури, затоа што од екипата си заминува долгогодишниот директор, Марко Савовски.
Савовски долги години ја вршеше функцијата оперативен директор повеќе нема да биде дел од екипата. Савовски влезе во РК Вардар уште во ерата на Сергеј Самсоненко и беше меѓу тимот кога се освоија двете европски титули и кога се остварија најголемите успеси за македонскиот ракомет. Тој се обрати на социјалните мрежи:
„Благодарам на довербата од господинот Сергеј Самсоненко, благодарност до господинот Михајло Михајловски, до „Комити“ и сите симпатизери на РК Вардар. Се одјавувам од сите обврски кон ракометниот клуб Вардар и би сакал да се заблагодарам на сите за досегашната поддршка. Сакам да ви испратам искрена порака, РК Вардар ќе продолжи на победничките патеки и повторно ќе ја израдуваме ракометна Европа-вели Савовски.