Стартот на новата сезона од женскиот ЕХФ Европски Куп ќе донесе и враќање на еден поранешен тим кој беше во европскиот крем, кој впишуваше редовни учества на финалните турнири, ЖРК Вардар.
.
Поранешниот македонски шампион беше пет последователни сезони беше учесник на ЕХФ фајнал-форот во Лигата на шампионите во периодот од 2014 до 2018, двапати стигна до финалето, во 2017 и 2018 година, губејќи од Ѓер и тоа двата пати во продолжението.
Откако тогашниот сопственик Сергеј Самсоненко престана да го финансира клубот, ЖРК Вардар од 2018 година го промени својот систем, ставајќи акцент на млади ракометарки и се откажа од учествата под покровителство на ЕХФ. Девојките на Ристова кои ги заменија „ѕвездените вардарки“ и како кадетки влетаа во сениорскиот ракомет созреа и добија прилика за настап на меѓународни дуели.
Сега по 3.години пауза ги очекува натпревар, утре црвено-црните девојки ќе гостуваат екипата на Приштина од Косово, во рамки од второто квалификациско коло на Европскиот Куп.