Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Давид Савревски е единствениот вардарец во дресот на Македонија У19 за претстојниот ЕХФ Шампионат

Давид Савревски е единствениот вардарец во дресот на Македонија У19 за претстојниот ЕХФ Шампионат

Давид Савревски ќе биде единствениот вардарец кој ќе ја претставува Македонија на ЕХФ Шампионатот до 19 години, кој ќе се одржи во Скопје во периодот од 09-15.август.

Машката U19 ракометна репрезентација на Македонија денес и утре ќе одиграат контролни натпревари против на селекцијата на Италија. Во подготвителниот период пред настапот на EHF М19 Championship репрезентацијата ќе одигра и два дополнителни контролни натпревари против Црна Гора.

221064586_3833763403394468_5866343416343782950_n

Савревски ги помина младите категории на Вардар, додека минатата сезона беше позајмен на екипата на Работнички. Во новата сезона ќе добие шанса да се докажува во дресот на Вардар.