Изминативе денови се одигра и 3.коло во машката ракометна Супер Лига. До нови победи стигнаа екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер како главни претеденти за освојување на шампионската титула. Охрид го „намачи“ Вардар, но не доволно да се случи изненадување, додека Еурофарм Пелистер на свој терен високо го порази тимот на Струга. Екипата на Металург до претрпе и третиот последователен пораз и тоа од вториот тим на Еурофарм Пелистер, додека Бутел победи тесно со Тиквеш и Пролет со екипата на Прилеп. Колото го заокружија екипите на Радовиш и Скопје, подобри беа домаќините.
Комплетни резултати од 3.коло:
Охрид – Вардар 29:31
Металург – Еурофарм Пелистер 2 28:29
Бутел – Тиквеш 2014 22:21
Пролет – Прилеп 31:28
Еурофарм Пелистер – Струга 45:20
Радовиш – Скопје 30:28
После три одиграни кола со максимален број на освоени бодови се екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер и Пролет.