Ракометарите на Вардар вечерва го играат можеби најважниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите. Вечерва вардарци како знаат и умеат мораат да го победат ППД Загреб, да врзат две победи во серија, а со самото тоа и да се искачат на табелата, веројатно до петтото место.
Многу работи од вечерашниот дуел ќе зависат од расположението на голманот на Вардар, Мартин Томовски. Томовски брани во фанстастична форма и доколку го повторни натпреварот од Монпелје, посебно од првото полувреме, тогаш сигурно дека Вардар ќе биде незадржлив преку полуконтра и контра нападите. Во денешниот модерен ракомет голманот е половина екипа, па така и кај ,,црвено – црните”. Останува на Томовски и на Венио Лосерт, да ги ,,прочитаат” шутерите на противникот.
Натпреварот вечерва ќе стартува од 20:45 часот со директен пренос на Арена Спорт 2.