Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > Се подготвува ракометен спектакл: ,,Чкембари” бараат околу 300 билети, ,,Комити” најавуваат топ бројка!
Се подготвува ракометен спектакл: ,,Чкембари” бараат околу 300 билети, ,,Комити” најавуваат топ бројка!

Се подготвува ракометен спектакл: ,,Чкембари” бараат околу 300 билети, ,,Комити” најавуваат топ бројка!

Од ден на ден се повеќе се ,,вжештува” атмосферата пред големото дерби на Македонија во ракомет, дербито на кое Вардар ќе атакува на победа и веројатно еден чекор до уште еден трофеј во низа, а Еурофарм Пелистер ќе сака да победи по секоја цена и да одлучува за титулата во Битола.

Дербито се игра во сабота во Скопје, а веќе на големо се подготвува овој ракометен спектакл. Навивачите од Битола бараат преку 300 билети, а пак ,,Комитите” уште од сега најавуваат супер бројка и голема поддршка за Вардар на патот кон победа.

Ќе биде навистина ,,жешко”, како на теренот така и на трибините.