ФК Вардар денес гостуваше со две младински екипи во Штип, на дуелите кој се одиграа на игралиште „Бело Брдо“ дојдовме до една победа и еден нерешен резултат.
Кадетите дојдоа до победа кај штипјани со минимални, но дволни 0-1 (0-0). За Вардар започнаа: Данчевски Данстак Андреј, Трајковски Драган, Миноски Леонид, Филиповски Томислав, Таневски Кристијан, Јовановски Филип, Анчевски Никола, Алији Алтин, Цветков Горјан, Блажевски Филип и Недељковиќ Лука.
Првиот дел иако имаше шанси на двете страни, мрежите на домашниот голман Димовски Лазе и нашиот Андреј Данстак мириваа. Се замина на одмор со почетните 0-0 на оваа кадетска суперлигашка средба. Во игра во беа уфрлени Петровски Андреј и Славев Мартин.
Најважниот момент на оваа средба беше на почетокот на вториот дел по само три минути фудбал. Топката дојде до Таневски Кристијан, тој одлично ја првими направи маестрален дриблинг и со силен удар погоди за 0-1. Ние поведовме во таа 48.минута и успеавме да ја одржиме предноста до крајот па впишавме три бода.
Младинците одиграа реми без голови, таа средба заврши со почетните 0-0 (0-0). Дуелот го започна овој состав: Стојковски Лука, Серафимов Давор, Ѓорѓиевски Филип, Стојилевски Марко, Дошев Ѓорѓи, Ибраим Левент, Здравковски Огнен, Величковски Никола, Живков Славче, Стојановски Стефан и Трпезановски Дарко.
На оваа средба имавме три големи прилики за гол, сепак по 90.минути на оваа младинска средба мрежите на Лука Стојановски и на домашниот голман Ѓорѓиевски Кристијан остаанаа не затресени. Вардаровиот младински тим имаше две прилики за погодок преку Величковски Никола, а една шанса не успеа да реализира Трпезановски Дарко.
Во игра во вториот дел влегоа: Гроздановски Христијан, Илиевски Мартин, Саит Алек и Јовчев Гоце.