Сведоци сме на уште еден поклонет пенал во Охрид, па така голманот на Вардар вели дека ова е веќе срамно и жално и прашува од што се плашат фудбалските судии во Македонија?
,,Жално и срамно за Македонскиот фудбал. Ајде да е еднаш ама тоа е веќе претерано. Што се плашат нашите судии, дали се плашат од Воска или се против Вардар!? Жално и срамно ама господ е голем. Еден живот една љубов!! Да живее Вардар , да живее Република Македонија!!“ , напиша Гачевски.