Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Соопштение на ФК Вардар: Има ли поента да се доигра сезоната?
Соопштение на ФК Вардар: Има ли поента да се доигра сезоната?

Соопштение на ФК Вардар: Има ли поента да се доигра сезоната?

Црвено-црните реагираат на денешното судење во Охрид и прашуваат дали има поента да се доигра сезоната?

  • Целосното соопштение на ФК Вардар:

„Дали има поента да се доигра оваа сезона?

По којзнае кој пат сезонава сведоци сме на катастрофално судење и калкулантско досудување пенали на директните ривали, па по неполн месец од досудување на еден од најскандалозните пенали за екипата на Воска денеска повторно на идентичен начин е подарена победата со непостоечки пенал кој што во најмала мера е комичен како што може да се уверите во видеата.

ФК Вардар јавно ја прашува Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Мухамед Сејдини и челниците на судиската комисија дали оваа сезона има однапред решени финални позиции на табелата?

Дали ФК Вардар е трн во око некому и дали свесно треба да ја напуштиме лигата?“