По втор пат ракометарките на Ѓорче Петров го победуваат тимот на Вардар, само за 10дена, овојпат во Купот 27-24 (17-13). Ѓорче Петров триумфално се пласираа на завршниот турнир од Купот.
Речиси целиот меч беше во знакот на ѓорчепетровки кои од самиот почеток наметнаа сопствено темпо и игра. Вардар на старото поведе со 1-0, а потоа со серија од 4-0 веќе по пет минути играње тренерот на вардарки, Драгана Ристевска беше приморана да бара тајмаут за совети. Никогаш потоа по 1-0, ние немавме водство се до крајот на ова финале во куо групата. На одмор заминавме со негатива од 4.гола, беше 17-13. Неизвесно беше само во средината на второто полувреме, ние дојдовме до 23-22 во 44 минута, за жал брзо Ѓорче Петров направи серија од 3-0 и поведе со 26-22.
.
Победничкиот тим на Ѓорче Петров ја имаше одличната Ана Марија Коларовска кој девет пати ја затесе нашата мрежа, во црвено-црнио тим со шест гола најефикасна беше Катерина Дамјановска, а Ивона Трпевска постигна четири гола. Единствена на ниво беше Трајкоска Јована која сопре 12.топки.