Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Седум играчи на Вардар, на поширокиот список на Лазаров, за претстојните квалификациски натпревари
Седум играчи на Вардар, на поширокиот список на Лазаров, за претстојните квалификациски натпревари

Седум играчи на Вардар, на поширокиот список на Лазаров, за претстојните квалификациски натпревари

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers Phase 2.

Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија. Во рамки на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат два натпревари во квалификациската група. Првиот натпревар е во Скопје против селекцијата на Луксембург на 12.10 (среда), а потоа против селекцијата на Турција во Ван на 16.10 (недела).

На списокот се наоѓаат и седум ракометари на Вардар: Мартин Томовски, Васил Гигов, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Давид Савревски, Филип Талески и Марко Мишевски.