Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сега Вардар оди по трофеј!

Сега Вардар оди по трофеј!

Апетитите на Вардар пораснаа по одличните две партии и победите над Флензбург во четвртфиналето од ракометната Лига на шампиони. Сега Вардар не се плаши од никого, сега Вардар со задоволство ќе игра на завршниот турнир како една од четирите најсилни ракометни екипи во Европа.

Сега противниците ќе се плашат од Вардар. Вардар на завршниот турнир нема посакувани противници, и онака сеуште не се познати истите. Најблиску до овој турнир се екипите на Веспрем и Псж, додека пак многу неизвесно ќе биде на натпреварот помеѓу Барса и Кил.

Сега пред Вардар следува мал одмор од ЛШ. Сега Вардар треба да се насочи кон нашата лига и дуелот против Металург. Нашиот тим треба да го добие тој натпревар, а потоа со ладна глава да се подготвува за завршниот турнир.