Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор го победи Работнички и ги зголеми шансите за избегнување бараж

Вардар Јуниор го победи Работнички и ги зголеми шансите за избегнување бараж

Екипата на РК Вардар Јуниор стигна до нова победа во плеј аутот од супер-лигата. Во С.Р.Ц. Кале се сретнаа екипите на Работнички и Вардар, дуел кој му припадна на нашиот состав со резултат

Екипата на Работнички прва го отвори резултатот, за во следните пет минути Вардар Јуниор да направи серија од 1:5 и да има предност од 2:5. Мора да се напомене дека тоа беше прво и единствено водство на противникот, а последната резултатска рамнотежа беше при резултат 6:7. Од тие моменти избраниците на Стојан Петрушевски направија од 0:5 и поведоа со 6:12. Само за момент екипата на Работнички го намали резултатот, за да следни нова голема серија на Вардар, кои постигнаа шест последователни голови, за веќе да имаат двоцифрена предност од 7:18. На секој постигнат гол на противникот, нашиот тим враќаше со два нови погодоци, така што на полувреме се замина со убедлива предност на црвено-црните од 12:25.

Во првите седум минути од вториот дел, Работнички го намали резултатот на 18:28. Беше и 21:32, но следеше серија на Вардар од пет последователни погодоци за највисоки 21:37. Последните минути од натпреварот беа само ритуна за нашиот состав, за на крај да славиме со конечен резултат од 27:41.

Убедливо најефикасен беше Ангелов кој постигна 11 голови, додека по 6 беа дело на Симиќ и Ончев. Со овој триумф бодовната разлика меѓу Вардар Јуниор и Металург  2 останува четири бодови во корист на црвено-црните, со што сме поблиску до избегнување на баражот за испаѓање од лигата.

ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Димов 4, Анѓелковски, Георгиевски 1, Димитровски 2, Ангелов 11, Кизиќ, Анастасовски 2, Ѓорѓески, Поповски 1, Трпчевски 3, Симиќ 6, Николовски 1, Манасков, Кукуловски 4, Ончев 6.