Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар СЦЈС “немилосрдни“ кон Делчево, кои ги победија на гостински терен со високи 17 голови разлика

Младинките на Вардар СЦЈС “немилосрдни“ кон Делчево, кои ги победија на гостински терен со високи 17 голови разлика

 Младинките на ЖРК Вардар СЦЈС забележаа убедлива победа на гостувањето во Делчево. Избраничките на Платон вечерва гостуваа во овој град на истоимената екипа и славеа со резултат  23:40

Мора да се напомене дека во текот на целиот натпревар имавме водство, кое ниту во еден момент не дозволивме да го испуштиме. Во првите пет минути од мечот се играше израмнето, со гол за гол на двете страни. Прв пат Вардарки поведоа со два гола разлика (4:6), по што домашниот тим врати со два погодоци во серија и го израмни резултатот на 6:6, што беше во тој момент четврто израмнување на натпреварот. Сепак Вардарки покажаа дека се поквалитетна екипа и како течеше првото полувреме, постепено но сигурно го зголемуваа своето водство. Во средината на првиот дел, за прв пат имавме предност од три гола (7:10). Екипата од Делчево се обидуваше да воспостави резултатска рамнотежа, за овој натпревар да има некаква симетрија. Избраничките на Горан Велков намалија во еден момент на 9:11, но црвено-црните постигнаа два последователни голови и имаа предност за прв пат од четири разлика (7:11). Финишот беше добар за нашиот состав, кој ги постигна последните три голови и по истекот на првите 30 минути имавме највисоки 11:17.

Можеби сите дилеми, ако постоеа на овој натпревар ги решивме на самиот старт на вториот дел кога со нова серија од 0:3 се одлепивме на високи 11:20. Набргу стигнавме и до двоцифрена предност од 12:22, што говореше за одразот на силите кај двете екипи. Делчево немаше сили да се врати во натпреварот, додека од друга страна Вардарки “немилосрдно“ го зголемуваа водството, кое во еден момент достигна и високи 18:32. Дефинитивно игравме добар ракомет на овој натпревар и во секоја измината минута го полневме голот на Делчево. Највисока разлика која ја достигнавме беше 17 гола предност (20:37). До крајот на мечот по три голови на двете страни, за конечен резултат од 23:40 на овој натпревар.

Тренерскиот тандем, Платон-Кузмановска им даде шанса за настап на сите ракометарки, а освен Вељаноска сите останати се запишаа во листата на стрелци. Најефикасна во нашите редови беше Ивона Трпевска која постигна 10 голови, додека Ана Иванова додаде 6.

Вардар СЦЈС: Мицевска, Кицеска, Стамова 3, Костадиновска 2, Филипоска 4, Тодоровска 2, Карчева 3, Иванова 6, Трпевска 10, Диневска 4, Реџеп 1, Блажевска 2, Стојмановска 2, Гичевска 1, Божиноска 1, Вељановска.