Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Како да се стигне до Келн, Вардар обезбеди 500 карти за своите навивачи кои сакаат да го бодрат Вардар на Ф4

Како да се стигне до Келн, Вардар обезбеди 500 карти за своите навивачи кои сакаат да го бодрат Вардар на Ф4

Вардар испиша историја за Македонскиот ракомет пласирајќи се на завршниот турнир на четирите најдобри екипи, што е најголем успех на една машка екипа во нашата земја. По втор пат го победивме Фленсбург и ќе имаме можност да се бориме за европската титула. Завршните мечеви во Келн се играат на 3 и 4-ти јуни, а дополнително со ждрепка ќе бидат извлечени полуфиналните двојки. За пласманот во Келн, нашиот клуб обезбеди 500 карти, а во продолжение ви пренесуваме како може да се стигне до блок билет за натпреварите на нашиот Вардар.

Билетите за Ф4 турнирот ќе бидат пуштени во продажба утре (сабота, 29.04.2017) од 10 часот.
Продажбата на блок билетите ќе се врши исклучиво преку онлајн продажната мрежа на тикетплус (www.ticketplus.mk)

По купувањето на блок билетите сите купувачи се должни да испратат е-меил на info@ticketplus.mk со своите податоци и контакт информации. Дополнително купувачите ќе бидат информирани кога и како билетите ќе им бидат дистрибуирани.

Сите блок билети што се наменети за навивачите на Вардар се во 1А зоната во салата резервирана нашите фановите.
Цената на блок билетите чинат 17.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билет за натпреварите.

Не постои ограничување на бројот на купени блок билети, но за секој од нив ќе биде потребно да се достават податоци најдоцна до 22.05.2017. Во спротивно нема да им биде валидно купувањето и истите ќе се понудат повторно во продажба. Ова е со цел да се спречи препродавање на билети.

За сите прашања поврзани со билетите на Ф4 турнирот можат да се добијат на следната адреса: info@ticketplus.mk.