Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дербито на СЕХА директно на МТВ -1

Дербито на СЕХА директно на МТВ -1

Вардар продолжува со дерби натпреварите. Вечерва нашите момци ќе одиграат уште еден тежок натпревар. Нашите момци во дербито на СЕХА силите ќе ги одмерат со унгарскиот шампион, и финалист од минатата сезона во лигата на шампионите тимот на Веспрем.

Овој натпревар доаѓа во незгоден момент за вардарци, на само два дена од поразот во Полска од тимот на Келце. Нашите играчи ќе се обидат да соберат сили и да одиграат натпревар на високо ниво. Оваа сезона сме лидери во СЕХА конкуренцијата со 10 победи, една нерешена и ниту еден пораз. Тимот на Веспрем се наоѓа на 3 место на табелата со еден пораз и седум победи. Натпреварот започнува во 18 часот со директен преност на МТВ – 1.