Вечерва во С.Ц. Јане Сандански се играше големото финале во СЕХА-лигата, помеѓу екипите на Вардар и ППД Загреб. Вардар беше фаворит на овој дуел и поради квалитетот и играњето на домашниот терен, тој епитет ние и го одбранивиме вечерва. Нашиот тим кој е најуспешен колектив во ова натпреварување триумфираше со резултат 26-24 , тоа е четврта во седмата година од постоењето на СЕХА.
Први со гол овој финален натпревар го отворија црвено-црните, тие за 1-0 погодија преку Кристопанс кој влезе одлично во мечот имаше потоа 2/2 кога со неговиот втор погодок зголеми на 2-1. Со гол-шоуто на Циндриќ кој двапати ја мина целата одбрана на загребчани првпат поведовме со плус два, 4-2 во 8.минута од мечот. На 10сетина секунди до половината на првиот дел со голот Жоан Кањелас на поведовме со највисоки дотогаш “плус четири“, 7-3 по што загребчани го искористија првото право на тајм-аут. Во следните пет минути двата тима беа рамноправни на теренот, постигнаа по три гола по што на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 10-7 во наша корист. Во последните пет минути влеговме со иста разлика, Иван Чупиќ погоди во 26.минута за предност со резултат 13-10. Следеше благо опуштање на црвено-црните момци на Раул Гоназлез па тоа го искористи квалитетнот тим на ППД Загреб и намали на 14-13, резултат со кој се замина на пауза.
Вториот дел почна како и првиот со погодок на Кристопанс, кој зголеми на 15-13 во првата акција за црвено-црните во вториот дел. Со два последователни гола Загреб успеаа во 4.минута да изедначи на 15-15 и да ја врати неизвесноста. Потоа беше 15-15, но нашите момци се издигнаа брзо и се одлепија на 18-16 во 39.минута. Сепак Згреб покажа дека не е дојден за да учествува па покажа квалитет, и со два гола веднаш изедначи на 18-18. Вардарци одговорија со она што им е заштитен знак, одличната игра во одбраната што донесе серија 3-1 со која поведовме со 21-19, по што загребчани искористија минута одмор. Загреб намали на 21-20, во 50.минута поради груб старт на Шушња Леон над Игор Карачиќ истиот заработи директен црвен картон. Ние се ослободивме од грчот и со четири последователни гола поведовме со 25-20 на 7.минути до крајот најавувајќи дека ќе ја одбраниме титулата и ќе се одлепиме на врвот по бројот на титули во ова натпреварување. Се до крајот беше рутина ние триумфиравме со резултат 26-24.
Најефикасни кај нас беа Лука Циндриќ и Кристопанс со по пет гола, Чупиќ и Дибиров имаа по три гола, а Штербик имаше 8 одбрани. Со ова започна “жетвата“ на трофеи за оваа сезона. Сега Вардар мислите ќе ги насочи кон одбрана на Европската титула, како и во домашното натпреварување.