Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Селекторот на младинската селекција, Темелковски ги повика Трпчевски и Кукуловски од Вардар за подготовките за С.П во Маврово
Селекторот на младинската  селекција, Темелковски ги повика Трпчевски и  Кукуловски од Вардар за подготовките за С.П во Маврово

Селекторот на младинската селекција, Темелковски ги повика Трпчевски и Кукуловски од Вардар за подготовките за С.П во Маврово

Денес селекторот на младинската машка ракометна  репрезентација на Македонија (до 21 година),  Темелковски го објави списокот со   имињата на ракометарите на кои ќе смета за подготовките и настапот на Квалификацискиот турнир за Светското Првенство 2017.

Македонската младинската репрезентација ќе се подготвува заедно со Сениорската во најголемиот дел од подготвителниот период, а заминувањето за Маврово за првиот собир за почеток на подготовките е предвидено за вторник (20 декември) од 09:30 часот од пред канцеларијата на РФМ. Младинска репрезентација  на земјава се наоѓа во група со Полска, Португалија и Турција, а квалификацискиот турнир ќе се одигра во Скопје во периодот од 4 до 6 јануари 2017. Според пропозициите за оваа категорија само првопласираната репрезентација обезбедува учество на Светското Првенство што ќе се игра во Алжир во  јули 2017 година. Од црвено-црниот табор повикани се двајца момци станува збор за играчите од вториот црвено-црн сениорски тим, РК Вардар јуниор:  Стефан Трпчевски и Дејан Кукуловски. Сепак треба да се земе во обзир дека ова не е конечен список кој може Темелковски да го искористи за квалификациите, тој веќе објави поодамна поширок список кој може да го погледнете на дното од текстот во кој има уште неколку имиња на играчи од нашиот тим.

ШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА МЛАДИНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА