Нашиот љубимец, ракометен шампион РК Вардар налето во период кога ќе бидат на сцена летните подготовки за идната сезона 2017/2018 ќе настапи на силен меѓународен турнир. Црвено-црните ќе играат во Унгарија по повод јубилејниот 40-ти роденден на унгарскиот шампион екипата на Веспрем.
Од екипата на Веспрем, вчера објавија дека по долги преговори, познати се имињата на учесниците на турнирот во кој ќе се игра во август. Тие велат дека ќе се погрижат да биде тоа еден незаборавен настан. Според плакатата за истиот тој ќе се оддржи на 26 и 27 август, 2017 година. Сите четири учесници годинава се дел од елитните групи во ЕХФ Лигата на шампионите, па така покрај домаќинот Веспрем и Вардар, ќе настапат и европски првак Киелце и словенечки Целје.