Арпад Штербик и Хорхе Македа нема да бидат дел од Шпанската репрезентација за претстојното светско првенство кое во јануари ќе се игра во Франција. Ова е епилогот од објавениот скратен список на новиот селектор Жорди Рибера за ииграчите на кои ќе смета за претстојниов мундијал. Инаку да напоменеме дека Штербик и Македа беа дел од оној прв широк список на повикани ракометари. Сепак селекторот на “фуријата“ реши да оди на СП со подмладен состав, каде се наоѓаат Душебаев и Кањелас.
Шпанија е во група со Македонија, Словенија, Исланд, Ангола и Тунис. Изоставувањето на Штербик и Македа е можеби добро за Вардар, кој ќе ги има на располагање двајцата за време додека трае СП и поодморени ќе ги дочекаат новите натпревари за црвено-црните во лигата на шампиони.