Ракометната селекција на Србија имаше лошо Европското првенство во Хрватска кое го заврши како 12-та селекција.
Селекторот на Србија, Јовица Цветковиќ распали по нашиот столб во одбраната Илија Абутовиќ. Прашајте го него зошто нѐостави на цедило – беа едни од зборовите на Цветковиќ.
“Абутовиќ беше повикан, но откажа. Кога сите се собравме во Ковилово на завршни подготовки, повторно го викнав, но пак не дојде. Прашајте го него зошто нe остави на цедило. До мене не стигна никакво образложение за неговиот потег” , изјави Цветковиќ.