Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар утре против Черноморец Одеса од 9.00 часот
Вардар утре против Черноморец Одеса од 9.00 часот

Вардар утре против Черноморец Одеса од 9.00 часот

Тимот на Вардар утре ќе го одигра третиот пријателски натпревар во Анталија, противник на црвено – црните ќе им биде украинската екипа Черноморец Одеса.

Черноморец е екипа која се натпреварува во Премиер-лигата на Украина. Есенската полуетапа овој тим ја заврши на 10. позиција на табелата во првенството со освоени 17 бодови, или три победи, осум нерешени и исто толку загубени мечеви. Тимот на Черноморец на трансфер пазарот се проценува дека тежи нешто повеќе од 6. милиони евра.

26804895_1589880831128161_3645809856898510891_n

Во овој тим има пет интернационалци, најдобар стрелец е украинскиот играч Кобленко кој има постигнато осум голови што го прави втор најдобар стрелец во шампионатот. Овие два тима во 2016 година одиграа еден пријателски натпревар на кој Вардар победи со 2:0 со головите на Фелипе и Хамбарџумјан.

Утрешниот натпревар започнува малку порано, односно од 9.00 часот.