Избраничките на Дибирова веќе утре ги очекува првиот натпревар од главната рунда во ЕХФ Лигата на шампионите. Вардарки се домаќини на францускиот шампион Мец во првиот натпревар од елитата во новата календарска година. Дуелот е закажан со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“- Скопје.
Европската куќа на ракометот ги делегираше и официјалните лица за овој натпревар. Судиската двојка доаѓа од нашиот јужен сосед, Република Грција. Станува збор за судискиот пар Михалис Цепопулос и Андреас Бетман. ЕХФ делегат на овој прв дуел во елитната лига за 2018 ќе биде Герхард Рејзингер од Австрија.