Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар ја пријави Леонида Гичевска за настап во ЛШ
Вардар ја пријави Леонида Гичевска за настап во ЛШ

Вардар ја пријави Леонида Гичевска за настап во ЛШ

Црвено-црните девојки утре ги очекува првиот натпревар од главната рунда во ЕХФ Лигата на шампионите,  тие се домаќини на  францускиот шампион Мец. Дуелот  помеѓу вицепрвакот на Eвропа  и Мец се игра, утре, сабота со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“- Скопје.

vardarfans-gicevska

Стручниот штаб на црвено-црните одлучи  дека во продолжението на сезоната ќе користи  уште една македонска  ракометарка. Пријавена за настап во елитната лига е  младинската репрезентативка на Македонија, Леонида Гичевска. Левиот бек е прекомандувана  од тимот на Вардар Јуниор, моментално во тимот има шест домашни ракометарки и тоа:  Бајрамоска, Саздовска,Керамичиева, Мицевска и Ристовска.