Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шест вардарци останаа на списокот на селекторот Лазаров, отпаднаа Карапалевски и Јагуриновски
Шест вардарци останаа на списокот на селекторот Лазаров, отпаднаа Карапалевски и Јагуриновски

Шест вардарци останаа на списокот на селекторот Лазаров, отпаднаа Карапалевски и Јагуриновски

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, изврши ново кратење на составот кој треба да излезе на „мегдан“ со селекцијата на Данска, во рамките на  квалификациите за ЕП 2022 година.

На првичниот најголем список се наоѓаа осум вардарци, по најновото кратење останаа шест ракометари на Вардар. Од истиот отпаднаа Мартин Карапалевски и Томислав Јагуриновски.

На списокот се Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Марко Мишевски и Филип Талески.

Со оглед дека на актуелниот список кој беше објавен вчера се наоѓаат 23 ракометари, ќе има уште едно кратење по што ќе биде објавен конечниот список од 16 играчи за двата дуели со Данска кој се играт на 11 и 14 март.