Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар го освоија шесттото место на турнирот “Завидовиќи 2016“
Младинците на РК Вардар го освоија шесттото место на турнирот “Завидовиќи 2016“

Младинците на РК Вардар го освоија шесттото место на турнирот “Завидовиќи 2016“

Изминативе три дена младинците на ракометниот клуб Вардар, предводени од тренерот Кристијан Грчевски беа дел од силен меѓународен турнир “Завидовиќи 2016“. На крајот црвено-црните го освоија шесттото место на овој турнир, откако во борбата за петтото место на пенали беа поразени од екипата на Слога Добој.

Поради немање услови за игра во салата каде што требаше да се одигра овој натпревар,се реши да се пристапи кон директно изведување на удари од седум метри. Во тој пенал “рулет“ подобра беше противничкката екипа со резултат 5:4. На крајот моравме да се задоволиме со освоеното шестто место. На целокупниот турнир оваа младинска екипа која се натпреварува во домашното првенство забележа две победи, еден нерешен резултат и два порази. Големо искуство за овој состав, на кој овие одиграни натпревари ќе му послужат во иднина за поглем напредок во играта и поправање на грешките.На истиов турнир настапија и пионерите на РК Вардар, кои направија голем успех со освојување на второто место.