Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Вардар утре домаќин на Макс Струмица
СЕХА: Вардар утре домаќин на Макс Струмица

СЕХА: Вардар утре домаќин на Макс Струмица

Утре ( среда) 02.декември во Спортскиот центрар “Јане Сандански “ ќе се одигра натпреварот од СЕХА ГСС лигата помеѓу екипите на Вардар и Макс Струмица. Дуелот е закажан со почеток во во 17 часот и 45 минути.

За црвено-црните ова е десети дуел во регионалната лига во која имаат досега освено 19 бода по одиграни 9 меча. Избраниците на Раул Гонзалез имаа одличен старт на лигата, но следеше пад во играта и резултатите. Другиот преставник на нашата земја тимот на Макс Струмица по десет кола во својата дебитанска сезона во оваа лига се наоѓа на последната позиија со само два бода освоени досега. Вардар влегува како апсолутен фаворит со “фенерџијата“ Макс Струмица во овој дуел. Во првиот дуел на почетокот црвено-црните беа поуспешни од тимот од Струмица.