Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар јуниор ќе одигра два тест-меча со тимот на ПАОК
Жрк Вардар јуниор ќе одигра два тест-меча со тимот на ПАОК

Жрк Вардар јуниор ќе одигра два тест-меча со тимот на ПАОК

Младите избранички на Симе Симовски неделава ќе одиграат две пријателски средби со грчката екипа ПАОК. Девојките на Вардар јуниор ќе ги тестираат своите сили со моментално второпласираната екипа во грчкото женско ракометно првенство.

Ова е дел од подготовката   за престојниот  настап  на девојките во осминафиналето во Челинџ купот, против Минаква Војводина следниот месец. Првиот дуел против ПАОК ќе го одиграме в среда (2 декември) во 17:30 часот и истиот  ќе биде меч од затворен карактер, а вториот го играме во  четврток (3 декември)од 12:30 часот  овој дуел за разлика од првиот  ќе биде отворен за публиката.

Двата меча ќе се играат во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.