Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Вардар го “наполни“ Спартак,со победата ја завршуваме 2015 како лидери во СЕХА
(ФОТО) Вардар го “наполни“ Спартак,со победата ја завршуваме 2015 како лидери во СЕХА

(ФОТО) Вардар го “наполни“ Спартак,со победата ја завршуваме 2015 како лидери во СЕХА

Во последниот дуел за 2015 година избраниците на Раул Гонзалез имаа лесна задача, тие беа домаќини на РК Спартак Војпут во СЕХА регионалната лига. Мечот покажа дека станува разлика помеѓу тимовите за неколку класи , вардарци овој дуел го добија со  36-18 . Резултатот по првите 30 минути на семафорот беше 18-9.

Црвено-црните го отворија мечот со три погодока преку Лацковиќ, Марсениќ и Македа. Гостите се обидоа да се вратат со мини-серија 0-2 намалија на 3-2.  Вардарци во продолжение го зголемуваше постепено своето водство во 16 минута резултатот на семафорот беше 10-6. Се играше доста ефикасно на двете страни во една игра без одбрана со брзи обиди за реализација.  Вардар само го засилуваше темпото нова серија 3-1  во 20.минута зголеми на 13-7 со петтиот гол на денес одличниот Филип Лазаров. Гостите се обидуваат да намалат, но  Македа зголемува на гол повеќе предност по што следеше тајмаут на Бранислав Жељковиќ Тренерот на РК Спартак Војпут. Сепак момците на Раул Гонзалез продолжија да ја зголемуваат предноста на 9 гола со серија 3-1 за резултат 17-8 во 27 минута од овој Сеха дуел. До крајот на полувремето двете екипи погодија по еднаш на двете страни, на одмор се замина со резултат 18-9 во истиот најуспешен стрелец е Лазаров кој денес блеска со 7 гола од 8 упатени удари.

vv

Вардар веднаш во првиот напад на вториот дел зголеми на двоцифрена предност, со голот на Душебаев кој денес полни 23 години, вардарци зголемија на 19-9. Вардарци зголемуваат во наредните 2 минути и на 21-9 по што гостинскиот играч Лојаниќ го постигнува првиот гол за Војпут во вториот дел. Мало опуштање на црвено-црните во продолжение гостите прават серија 1-4 и во 10 минута резултатот на семафорот е 22-14. Во наредните 5 минути по два гола во двете мрежи, кај Вардар стрелец на истите е Лазаров. Од клупата влегува Душебаев кој за само 60 секунди постигнува два погодока и ја враќа предноста на двоцифрена разлика 26-16. Во следните 5 акции се одбранивме, а Македа и Столов на двапати  и еднаш Лазаров само ја зголемуваат истата на 15гола. Резултатот во 24минута е убедливи 32-16 за домаќинот на овој СЕХА дуел. Гостите од Србија само го чекаа крајот на овој дуел помирени со убедливиот пораз од двократниот шампион на СЕХА лигата. Во продолжението погодивме двапати, а за да маката на гостите биде поголема Петар Ангелов-Диви погоди гол преку целиот терен за 35-17 . Докрајот двете екипи погодија по уште еднаш за конечни 36-18.

Најуспешен денес кај стрелците беше Филип Лазаров со 10 погодока, по него втор стрелец кај црвено-црните беше Македа 6 гола, Душебаев и Манасков имаа по 4 погодока.

t9 t7 t8