Црвено-црните вчера беа убедливи во дуелот со втората екипа по квалитет во минатото српско ракометно првенство и учесник во регионалната СЕХА лига екипата на РК Спартак Војпут. Мечот на домашен терен го одигравме со исто темпо, постојано зголемувајќи ја предноста. Самиот дуел покажа дека станува разлика помеѓу тимовите за неколку класи , вардарци овој дуел го добија со 36-18. Тренерот на црвено-црните шпанецот Раул Гонзалес за овој последен дуел во 2015 година по мечот го изјави следното :
- Ние ја почитуваме многу оваа екипа. Кога игравме таму Спартак играше мноугу добро против нас, имаше шанса за победа. Ние трениравме многу добро оваа недела и сакавме да победиме денеска за да завршиме прво место пред паузата. Вечерва игравме добра одбрана, уште од почетокот. Искористивме многу контри и дојдовме до 4-5 разлика. Сакам да им се заблагодарам на сите играчи, зашто игравме 100 посто и јас сум многу задоволен- изјави Гонзалез.
Српскиот интернационалец и голман на Вардар, Страхиња Милиќ кој по проблемите на почетокот од годината со својата телесна маса се врати во вториот дел од есенската полусезона на завидно ниво за дуелот со екипата од својата земја изјави следното:
- Другите говорници пред мене кажаа речиси сѐ за натпреварот. Јас сакам да ви посакам среќни празници, Нова година и Божиќ и посакувам во 2016 да имаме уште подобри резултати отколку во 2015 година- Изјави Џамбо.