Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор повторно поразен, овој пат од РК Прилеп
Вардар Јуниор повторно поразен, овој пат од РК Прилеп

Вардар Јуниор повторно поразен, овој пат од РК Прилеп

Вчера  со почеток во 19:00 во Прилеп“тимот на РК Вардар Јуниор му гостуваше на  РК Прилеп. Вардар повторно загуби, со што ги загуби шансите да се најде во завршницата на Македонското ракометно првенство, иако со победа сепак ќе можеше да се борат за таа четврта позиција со тимот на РК Работнички.

 Тимот предводен од Пепи Манасков беше поразен  со 29:26, сепак можеме да кажеме дека Прилеп во ниту еден момент ја немаше осигурано победата, со што покажа дека убедливиот пораз во Прилеп бил лош ден за овие млади црвено-црни момчиња. Натпреварот беше неизвесен се до крајот, момците се бореа максимално лавовски, но тоа заврши неуспешно. Првото полувреме РК Прилеп го доби со 16:13, а во вториот дел Вардар се обиде да ја стигне оваа предност, но сепак РК Прилеп на искуство победи, вториот дел заврши 16:16. Од овој натпревар само можеме да заклучиме дека на Вардар му фали искуство, а талентот е секако присутен. Сепак ние сме Вардар и одиме до крај, така да со надеж во следните натпревари одиме на победи, па ако е можно чудо да стигнеме до толку таа посакувана 4 позиција.

Вардар јуниор: Чаневски, Филиповски, Спасовски 1, Василевски, Недановски 1, Тренчевски 3, Чурлевски 2, Ангелов 1, Јовчевски 3, Андовски 3, Симиќ 1, Ристов, Манасков 3, Поповски 3, Вујачиќ 2, Давитковски 3.