Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик: Не жалам за престојот во Скопје, прекрасни 4 години во Вардар и добра финансиска заработка
Штербик: Не жалам за престојот во Скопје, прекрасни 4 години во Вардар и добра финансиска заработка

Штербик: Не жалам за престојот во Скопје, прекрасни 4 години во Вардар и добра финансиска заработка

Најдобриот голман во историјата на ракометната игра, Арпад Штербик несомнено остави  голема трага во дресот на Вардар. Врвот на неговиот престој во Скопје беше достигнат  со освојувањето на првата европска круна во Лигата на шампионите во 2017 година. Тој за време на пандемијата се пензионираше,  во интервју за српски „Дневник“ откри дека не жали што во 2014 година решил да направи трансфер во нашиот тим, иако бил пред одлука за пензионирање.

-Апсолутно, не жалам што потпишав за Вардар. Имав четири прекрасни години во Скопје, стекнав многу пријатели, станав европски шампион, а добро пројдов и финансиски. Заминувам во пензија, мојата  сопруга, Моника ме тера да ја продолжам кариерата, да издржам до крајот на годината да имам поубаво простување со ракометот. Се е тоа убаво, ама немам волја за нов почеток. Знаете, јас сум како „дизелаш“, тешко тргнувам, а  ми е време да кренам температура-вели Штербик.