Шишкарев во новата сезона ќе настапува за екипата на Веспрем, со која на крајот од годината ќе настапува и на завршниот турнир во Келн. Рускиот репрезентативец помина шест сезони во Вардар, период во кој освои две Европски титули, три трофеи во СЕХА, како и 12 титули на домашната сцена. Дефинитивно освои се што можеше во црвено-црниот дрес, а Веспрем ќе биде неговиот нов предизвик во кариера. Сепак, Шишкарев не го заборава Вардар и често го споменува во неговите изјави за медиумите.
Во двете освоени Европски титули, не водеше срцето, честа и страста која ја имавме спрема Вардар. Не добивавме долг период плата, поминавме низ тежок период и се сомневавме за нашата иднина во клубот. Минатата сезона заминавме за Келн не знаејќи дали ќе се вратиме во Скопје. Повеќе ја посакувавме победата од противниците и игравме без притисок, можеби тоа беше и клучот за новата Европска титула. Успеавме да ги оставиме сите грижи дома, се фокусиравме само на целта пред нас, истакна Шишкарев.