Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Нексе ги играат последните подготвителни натпревари, во пресрет на нивниот меч
Вардар и Нексе ги играат последните подготвителни натпревари, во пресрет на нивниот меч

Вардар и Нексе ги играат последните подготвителни натпревари, во пресрет на нивниот меч

На 29.август, екипата на Вардар ќе го одигра првиот официјален натпревар. Се работи за реванш дуелот од 1/4 финалето во СЕХА-лигата, против екипата на Нексе. На првиот натпревар славеа црвено-црните со резултат 30:31.

Во подготвителниот период Вардар настапи на турнирот во Струга, каде одигра четири натпревари и го освои второто место. Изминатиов период одигравме уште два контролни натпревари во С.Ц Јане Сандански. На првиот бевме поразени од тимот на Еурофарм, додека на вториот меч, го победивме Металург.

Екипата на Нексе, се наоѓа во лоша серија од четири последователни порази за време на подготовките. Ова се сите остварени резултати, на следниот противник на Вардар.

Нексе – Горење Велење  25:23

Загреб – Нексе  30:24

Нексе – Винковци  33:22

Нексе – Марибор  27:17

Чурго – Нексе  28:22

Нексе – Целје П.Л  28:32

Пик Сегед – Нексе  33:28

Пик Сегед – Нексе 31:24