Утре ФК Вардар ќе го одигра третиот натпревар од новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. По лошиот старт и поразот од Борец, Вардарци на гостински терен ја совладаа екипата на А.Пандев за први бодови во новата сезона. Утре, Вардар го очекува нов сериозен тест, овој пат против амбициозниот тим на Силекс.
Пред утрешниот натпревар да споделиме неколку нови, интересни факти:
- Утре, Вардар ќе мора да настапи без Јован Попзлатанов кој доби црвен картон на дуелот во Струмица минатото коло.
- Поради некомплетирана документација, Игески и Петровиќ нема да можат да дебитираат за својот нов тим.
- По средувањето на некој работи, овие двајца ќе се здобијат со право за настап. Тоа треба да биде за четвртото коло.
- ФК Вардар има и еден новитет во стручниот штаб. Раденко Бојовиќ се враќа помеѓу помошниците на Васоски, дознава ,,Вардар Фанс”.
Очекуваме цврста игра на нашиот Вардар и атак на втората победа во низа.