Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ќе го брани трофејот во СЕХА-лигата пред своите навивачи, С.Ц. Јане Сандански ќе биде домаќин на завршниот турнир во ова натпреварување
Вардар ќе го брани трофејот во СЕХА-лигата пред своите навивачи, С.Ц. Јане Сандански ќе биде домаќин на завршниот турнир во ова натпреварување

Вардар ќе го брани трофејот во СЕХА-лигата пред своите навивачи, С.Ц. Јане Сандански ќе биде домаќин на завршниот турнир во ова натпреварување

Скопје и спортскиот центар Јане Сандански ќе бидат домаќини на завршниот турнир во СЕХА-лигата, за оваа натпреварувачка сезона. Вардар ќе има голема можност и шанса да го одбрани трофејот во ова натпреварување, со оглед дека ќе игра пред своите навивачи. Ова е втор пат нашиот главен град да биде организатор на најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата, откако С.Ц. Борис Трајковски беше домаќин на Ф4 во втората сезона на СЕХА-лигата, кога во големото финале, екипата на ППД Загреб беше подобра токму од Вардар.

Вардар, ППД Загреб, Брест Мешков и Целје се екипите кои ќе се најдат на завршниот турнир оваа сезона и ќе се борат за трофејот во ова натпреварување, во периодот од 13-15-ти април. Вардар е најтрофеен во СЕХА-лигата со три трофеи, додека Веспрем има два, а ППД Загреб има една титула.