Сташ Скубе екс играчот на Вардар, вечерва треба да биде најголемата опасност по голот на нашите голмани. Скубе е ,,прва виолина” во редовите на Мешков Брест оваа сезона. Буквално сите напади тргнуваат од него, па доколку одбраната на Вардар го спречи, тогаш ќе заврши голема работа и ќе си ги зголеми своите шанси за прва победа сезона во ЛШ.
Инаку, тимот на Мешков Брест се соочува со големи проблеми пред дуелот. Иван Пешиќ (голман), Артем Селвасјук (пивот), Павел Пачковски (десен бек), Егор Будејка (десен бек) и Јака Малус (среден бек) останаа во својот град и не допатуваа во Скопје. Секако дека ова е голем хендикеп за противникот, ако се знае дека ќе играат со само еден десен бек.
Кај Вардар, ќе ги нема Кудуз и Чувара поради повреда.